Press "Enter" to skip to content

Промоција на “Одбројување“ – роман на годината за 2017 на Фросина Пармаковска (фото)

Романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година,беше промовиран денеска во присуство на авторката во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола.

Издавач на романот е „Или-или“, а книжевната награда „Роман на годината“, која од 1999 година ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“, годинава првпат ја додели фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска, која дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институтот за македонска литература.

Авторка е и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.

За романот „Одбројување“ говореа поетот Ѓоко Здравевски, извадоци читаа Мери Каровска, а фондацијата „Славко Јаневски“ ја претстави новинарот Ѕвездан Георгиевски.

More from КултураMore posts in Култура »