Press "Enter" to skip to content

Битола подготвена за „Битола Шекспир фестивал 2018“

Дванаесет театарски претстави со предзнакот Шекспир ќе бидат изведени од 23 до 30 јуни во Битола, на традиционалниот „Битола Шекспир театар 2018“, беше истакнато на денешната прес конференција во Народниот театар Битола.

Директорот на НТБ, Иван Јерчиќ и уметничкиот директор Илина Чоревска подетално ја изнесоа програмата на Битола Шекспир театар, при што истакнаа дека Битола ја продолжува започнатата традиција, негувајќи го творештвото на Шекспир.

-Проценивме дека е паметна идејата да се продолжи со Фестивалот. Фактот што сме дел од големото семејство на фестивали посветени на Шекспир, што веќе гостувавме како НТБ и во Глоуб, што како театар имаме поставено најмногу Шекспирови дела во Македонија, се причините што продолжуваме со оваа започната традиција рече директорот Иван Јерчиќ.

Инаку на програмата на годинешниот „Битола Шекспир фестивач“ се наоѓаат 12 претстави и тоа од „Ричард Трети„ со Театар Гавела – Загреб, „Шекспир сонет 66„ со Унгарски тетара – Темишвар, Романија, „Хамлет„ со Пунктарт од Букурешт, Романија, „Отело – незаконита литургија„ со Театар Верди од Задар, Хрватска, „Сонот на Вилијам„ со Театар за деца и младинци – Скопје, „Ромео и Јулија“ Театар Максим Горки од Казакстан, „Макбет“ Албански театар, Скопје, „Шекспировите жени“ Меѓународен театарски ансанбл, Акапела концерт за Шекспир, Крковски пејачи, Полска, „ Крал Лир“ Турски театар, Скопје и „Зимска бајка“ на Црногорско народно позориште од Подгорица, Црна Гора.

Секако, тука е и Народниот театар од Битола со Јулие Цезар, претстава со која ќе биде отворен фестивалот на 23 јуни на матичната сцена. Покрај сцената на НТБ, претстави ќе се изведуваат и на сцената на големата сала на Центарот за култура.

Според менаџментот на НТБ, годинава Фестивалот ќе се реализира благодарение на финансиската поддршка од Министерството за култура со 2 милиони денари и Општина Битола со 1,6 милиони денари.

Се очекува во седумте фестивалски дена голема заинтересираност од страна на битолската публика, со оглед на квалитетната програма. Фактот пак што во Битола ќе допатуваат над 500 театарџии од десетина земји, е причина повеќе за помобилна и засилена организација на домаќините, вработените на Народниот театар од Битола.

More from КултураMore posts in Култура »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *