Press "Enter" to skip to content

Дванаесет ликовни уметници на 14. Меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ во Битола (фотогалерија)

Велат уметноста ја облагородува душата на човекот, со неа суровата реалност станува осмислена, светот станува поубаво, похумано место. Овие денови и Битола е во тој бајковит свет на уметност, творење и креативен израз на поголем број на уметници кои творат на Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро 2018“.

Имено, од 15 до 25 јуни 12 сликари ќе ги вкрстат различните ставови, слобода на изразување, индивидуалниот дух во заедничка дружба во битолската меѓународна ликовна колонија “Де Ниро 2018“.

-Активностите на колонијата започнаа на 15 јуни кога сликарите започнаа со работа на годинашнава колонија, а работат во просторот кој е наменет за нив, во поранешната пицерија “Де Ниро“. Покрај работата, односно сликањето, во неделата бевме во посета на Крушево, каде учесниците на колонијата имаа прилима да ги видат делата на македонскиот сликар Никола Мартиновски, а уметниците имаа прилика да го посетат и Заводот и Музеј во Битола, ни кажа Панде Петровски раководител и член на уметничкиот совет на ликовната колонија “ДЕ Ниро“ 2018“.

Петровски додава и дека е предвидени гостите да поминат уште два дена надвор од Битола, посета на манастирот во село Курбиново и на Мариово – мостот кај селото Зович, се со цел сите учесници освен убавините на Битола, да ја запознаат и Македонија.

-Како координатор на активностите на колонијата „Де Ниро 2018“ многу сум задоволен од овогодинешниот состав на сликари кои доаѓаат да творат, тука во колонијата, која претставува еден голем креативен простор каде се изразуваат 12 сликари меѓу кои има академски професори, но и млади уметници, а тука творат и нашите постојани гости на колонијата кои се со нас повеќе години, вели Панде Петровски.

Во рамки на колонијата оваа година ќе бидат врачени две повелби за почесни членови на колонијата и тоа на сликарите Миро Масин и Сергеј Андреевски.

Во уменичкиот совет на колонијата кој е составен од на познати уметници, покрај Панде Петровски се уште и Стојан Џуриќ, Драган Ангелковиќ, Драган Мијач- Бриле, Миро Масин, Владо Ѓоревски Рафик.

Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро 2018“ традиционално се одржува по 14. пат е во организација на Силвана и Драги Филевски.

В петок на мултимедијален настан ќе биде отворена изложбата на делата кои ликовните уметници ги создаваа на колонијата која се одржа минатата година.

Жанета Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »