Press "Enter" to skip to content

Денес за добро утро на детскиот перформанс, “Заборавените кукли“ (фотогалерија)

Денес во паркот кај саат кулата започна да се реализира тродневниот детски перформанс, насловен “Добро утро Битола“, а денешната мала претстава, како ја нарекоа трите актерки, “Заборавените кукли“ беше првата од трите кои ќе се изведат викендов.

Во сите три претстави ќе играат актерките од народниот театар од Битола, Маја Андоновска Илијевски, Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска.

Автор на текстовите е: Билјана Крајчевска, дипломиран драматург и филолог, а во реализацијата се вклучени трите дипломирани актерки: Маја Андоновска -Илијевски, Илина Чоревска и Викторија Степановска – Јанкуловска.

-Три дена, три мали претстави со три прекрасни актерки, на три локации кои, за најмладата публика ќе овозможат незаборавни перформанси на тема: Добро утро, Добар ден и Добра ноќ во Битола. Идејата е да се случат три претстави во три дена, во различен дел од денот во се разбира различен амбиент. Бидејќи е лето, локациите се на отворено каде актерите ќе комуницираат интерактивно со публиката и ќе можат дирекно да ја вклучат во создавањето на претставите, велат трите актерки за оваа невообичана идеја кога започна да се реализира.

Интересот за првата утринската претстава “Заборавените кукли“ беше многу голем, а како најавија родителите на дечињата кои беа дене во паркот кај саат кулата, утре ќе донесат уште многу дечиња кои ќе уживаат во втората претстава која се вика “Насмевки по пошта“, а ќе се изведе утре во 18 часот во Градскиот парк, кај крлешките.

Инаку, за време на викендов три актерките, ќе раскажат три различни приказни за другарувањето, со главен акцент на тоа дека, најубавите спомени се градат низ детска игра во парк, на улица, на Широк сокак, а не пред компјутери, таблети и телефони.

И третата претстава – перформанс ќе се игра во тревникот пред Центарот за култура во недела во 20 часот – приказна за добра ноќ, под ѕвездите, а се вика Фаќач на соништа.

More from КултураMore posts in Култура »