Press "Enter" to skip to content

Загина совозач во трактор при судир со камион на патот Битола-Демир Хисар кај Лисолај

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Битола- Демир Хисар, на излезот кај селото Лисолај, во 10 часот и 10 минути, едно лице загина кое се наоѓало на тракторот како совозач.

Од СВР-Битола ја потврдија информацијата дека сообраќајката настанала при судир на камион и трактор и оти загинал совозачот кој се наоѓал во тракторот.

Сообраќајот на регионалниот пат Битола- Демир Хисар, на излезот кај селото Лисолај е во прекин, а екипи на СВР-Битола и други надлежни институции вршат увид и ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа.

More from ВестиMore posts in Вести »