Новиот тренер на фудбалерите на Пелистер, Томче Трајановски, денес, точно во 10 часот, ја имаша првата прозивка и се запознавање со фудбалерите, а веднаш потоа го одржа и првиот тренинг.
На првиот состанок со фудбалерите Трајановски јасно стави до знаење дека Пелистер во оваа сезона има јасна цел, а тоа е експресно враќање во Првата фудбалска лига.
-После скоро 40 години се враќам на стадионот под Тумбекафе од каде и што потекнувам, од школата на ФК Пелистер и тука сум дојден да помогнам во мојот омилен матичен клуб. Не сакам да се враќам како било порано, но сега сме тука и вие кои сте сега фудбалери на Пелистер сте за мене најдобрите фудбалери, иако во од ќе правиме нова екипи, и со нови фудбалери, рече Трајановски на првиот состанок со фудбалерите.
За планот за подготовки Трајановски рече:
-Поради финалните натпреаври на светското првенство денес и утре ќе тренираме само по еднаш наутро, а од понеделник започнуваме со силно темпо. Ќе се тренира по три пати во наредните три дена, а потоа одмор еден ден, но сепак ќе бидеме активни, масажа или базен. По три вакви цуклуси од по три дена работа, ќе ја имаме и првата контролна средба.
Трајановски нагласи дека ги посетил и помошните терени во Кравари и Ќумурното, а неговиот стил е дека нема да има “суви“ туку уште од денес ќе се работи со топка и повика на редовност на тренизните, точно на време и професионално однесување на тренинг, бидејќи без таква работа нема да има лесно враќање во Првата фудбалска лига.
Инаку, Трајановски по напуштањето на Пелистер играше 11 години за Вардар, а како рече има големо искуство и бил под тренажен процес на многу тренери, почнувајќи од битолчаните Благоја Ѓоргиевски, Пеце Љутето, Ставре, Бутевски, па Бобек, Вишњевац, Димовски…, а тоа искуство ќе го пренесе на играчите во Пелистер.
Трајановски порача дека сите стартуваат еднакво за место во првиот тим, и Пелистер не треба да игра во оваа Втора лига туку експресно треаба да се врати во Прва лига и да размислува за Европа.
Деновиве Трајановски ќе ги соопшти и имињата на неговите помошници.
Текст и фото: С. Ристевски