Press "Enter" to skip to content

Домаќините победници на меморијалниот турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“

Победници на четвртиот меморијален турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ кој се одигра викендов на спортските терени во ОУ “Даме Груев“ е екипата на домаќинот Ветерани Начко, кои во финалето ја победија екипата на Портал со резултат 3:1.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Миле Николов – Срна од екипата на Даме Груев.

Постигнати се следните резултати:
Начко Ветерани – Даме Груев 4:1
Портал – Ветерани Пелистер 1:1 (3:1 пенали)
За трето место: Ветерани Пелистер – Даме груев 4:2.

Инаку, на терените играа голем број на поранешни фубалери на Пелистер, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Миле Димов, Сашо Здравевски…., а секако треба да се спомене дека играше и екипата на Портал која е една од најдобрите екипи за мал фудбал во Битола.

По завршувањето на турнирот пехарите и наградите беа доделени во градската кафеана на хотел “Епинал“, а сите учесници заедно се потсетија на Јовче Димовски – Начко.

Претходно се одржа и крводарителска акција на која имаше повеќе од дваесет крводарувања.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »