На 16.07.2017 година во 04,20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, било пријавено дека на улицата “Климент Охридски“ опожарено е патничко моторно возило „Форд фокус“ со битолски регистерски таблици, стои ви дневниот билтен на МВР.
Биле опожарени (делумно оштетени) уште две други возила “тојота јарис“ и “мерцедес“ со битолски регистерски таблици, кои биле паркирани покрај фордот.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.
Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.