Ракометната екипа на Еурофарм Работник деновиве ќе го соопшти името на новиот тренер кој ќе ја води екипата во наредната сезона во домашното првенство и на меѓународните средби, откако, со сега веќе поранешниот тренер Илија Темелковски предвреме ја раскинаа соработката, по добрите резултати кои ги имаше со екипата минатата сезона.
Но, Темелковски останува во Еурофарм Работник, а во наредниот период ќе биде стручен координатор и советник, за што од клубот велат дека искусниот тренер ќе придонесе за подобри резултати во иднина.
Инаку, Темелковски беше трето по ред тренерско решение за Еурофарм Работник, прво тандемот Марковски – Зарков, а потоа Андоновски.
Со Темелковски Еурофарм Работник се пласира во ЕХФ Купот, играше за Суперкуп титулата
Кој ќе биде новиот тренер на Еурофарм Работник, клубот најавуваат дека ќе се дознае за брзо време.