Press "Enter" to skip to content

Официјално претставени засилувања на ЖРК Пелистер и амбициите за наредната сезона (фото)

Денес прес-конференција одржа женскиот ракометен клуб Пелистер, а во име на клубот зборуваше тренерот Викторија Мурговска, која и официјално ги претстави новите засилувања за наредната сезона од која многу се очекува.

Македонскиот претставник во Челинџ Купот, ЖРК Пелистер ги претстави новите ракометарки, доскорешното десно крило на ЖРК Металург, Васка Глигоријадис, крилото Анастасија Николовска, бекот Ива Божиновска и голманката Слободанка Кицеска.

Во новата ракометна сезона 2018/19 ЖРК Пелистер во домашното првенество, Купот и межународниот Челинџ куп очекува многу, а Мурговска со оптимизам рече:

-Имаме големи амбиции во новата сезона на трите фронта, а тим кој ќе биде составен од млади девојки, репрезентативки на Македонија ќе ги започне подготовките на 8 август и верувам дека имаме што да кажеме во новата сезона во која ќе го нападнеме самиот врв во домашното првенство.

Мурговска се осврна и на меѓународните настапи на клубот, односно за Челинџ купот, каде за противник во третото коло, во вчерашната жребка, го добија тимот на Лa Сале од Малта, а прво гоистуваат во Малта на 10 или 11 ноември.

-Верувам дека храбрите ги следи среќа и затоа задоволни сме што наидовме на ривал од Малта во третото коло на Челинџ Купот. Екипата на Ла Сале е непознаница за нас, но верувам дека добро ќе се запознаеме со нивниот тим и ќе се подготвиме за ноемвриските натпревари. Не криеме дека имаме големи планови за Челинџ Купот оваа сезона кога ЖРК Пелистер во четвртиот настапи во европските Купови ќе се обиде да преземи и да се пласира во пролетните натпревари, рече Мурговска.

Клубот најавува уште неколку засилувања, а само Габриела Величковска го напушти клубот и ќе игра во Франција, а на пресот беше речено дека најголема помош за досегашните резултати клубот има од општина Битола, а се надева дека таквата соработка ќе продолжи и оваа сезона кога имаат големи амбиции.

С.Р

More from СпортMore posts in Спорт »