Press "Enter" to skip to content

Утре започнува 12. издание на “Локум фест“

Денес на пладне, во старата битолска чаршија, во кафулето “Бар чаршија“ беше одржана прес-конференција на која организаторот и официјално го најави најновото 12. издание на “Локум фест“, кое ќе биде отворено утре во 20 часот во старата битолска чарпија со групата “Морски перли“ од Варна, Бугарија.

Тоше Ивановски, директор на “Локум фест“ за утрешниот старт на фестивалот рече:

-Ни претставува особено задоволство да го најавиме 12-то Издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест“кој слободно може да се начеше фестивал на музиката и традицијата. Овој ​фестивал е единствена ваква манифестација која својата инспирација ја црпи од културното наследство на најопеаниот македонски град, градот Битола. Истиот започна 2007 година во организација на Центарот за културна деконтаминација, во срцето на старата битолска чаршија, земајќи го обичајот на „локум и кафе “ како синоним за средба, еснафлук, пријателство помеѓу сите култури во славаната конзулска Битола. Овој фестивал ја слави традицијата, културното наследство на многувековната Битола и повикува на славење на различноста низ музика и изложби. Како секоја година започнуваме со чалгии, завршуваме со етно-фјужн… Изложби на ракотворби, везови и секако локумите на DONIA.

За трите фестивалски денови, односно што се ќе се случува во Старата битолска чаршија, Ивановски рече:

-Во трите фестивалски вечери ќе настапат седум ансамбли од Македонија, Бугарија, Турција, Словенија, Индија. Ќе се дружиме со „Морски перли“ од Варна, „Balkananatolia“ Турско македонска тајфа,„Баклава“, „Enhnusiasm“ од Словенија,„Вевки чалгија трио“, и „Tapi Projec“t од Индија… Нашите соработнции од Регионалната занаетчиска комора Битола, ЗУР Македонски ракотоворби со своите ракотоворби, Организацијата на жени од Битола со „ Архитектурата на Битола низ вез“, како и гости од другите градови… само ќе го збогатат “Локум фест“ со нови содржини.

На прес-конференцијата зборуваше и битолчанецот Горан Гаревски, кој живее и работи во Словенија, а во Битола ќе настапи на “Локум фест“ како член на групата “Ethnusiasm”.

-Посебно не израдува поканата за настап на овој фестивал, на него ќе настапам со мијата група и се надевам дека ќе бидеме изненадување за битолчани. Групата се состои од воспоставени музички имиња и се обидува да ја негува и збогатува народната музика со помош на модерни аранжмани, со што уште повеќе се нагласува вредноста на на едно од најбогатите музички наследства во светот, потенцира Гаревски, кој ќе има настап со групата во петок во 22,30 во старата чаршија.

Вевки Арнаудов за својот настап всо “Вевки чалгија трио“ рече на пресот дека битолчани ќе имаат прилика да слушаат музика нешто поразлично од народната, а тоа чалгијата.

Фестивалот е делумно поддржан од Министерство за култура на и е во рамките на нивната годишната програма, Општина Битола, во рамките на “Бит фест“ и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, организатор е се ЦКД Битола и ЗГ Локум фест.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »