Press "Enter" to skip to content

Мајсторот 7-дан Ѓуро Илиќ го снима петтото едукативно ДВД издание – трилогија (фото)

Ѓуро Илиќ – мајстор 7 Дан, деновиве го започна снимањето на петтото по ред ДВД издание за примена на техниките за самоодбрана од џудо, реален аикидо и џиу-џицу. За стартот на снимањето на ова ново видео издание, Ѓуро Илиќ вели:

-По повод 50 години од основањето на џудо-клубот Пелистер, како е предвидено во годишната програма, започнавме да го снимаме најновото ДДВ издание кое веќе се снима на неколку места низ Битола, на отворено и во салата на будо-центарот. Овој пат започнавме да снимаме во градскиот парк, а снимањето започнува рано наутро некаде по 5 часот. Морам да кажам дека само во снимањето ќе бидеме вклучени 18 луѓе, а веќе се ангажирани и луѓето кои ќе работат во постпродукцијата. Ова е петто по ред видео издание и се надевам дека според искуството кое го имаме со претходните четири ова ќе биде најдоброто издание до сега.

Во програмата за јубилејната 50 годишнина од основањето на џудо клубот Пелистер покрај ДВД изданието планирани се уште настани, а за нив Илиќ вели:

-Програмата за одбележувањето на големиот јубилеј на нашиот џудо клуб, 50 години постоење е голема и опфаќа голем број на настани. Дел од настаните се одржани, а дел се подготовка. Одржавме неколку семинари, учествувавме на неколку семинари во соседните земји, а во подготовка е најголемиот настан кој ќе го одржиме ова лето, семинарот за џудо и аикидо мајстори кој е закажан за 17, 18 и 19 август, во хотелот “Молика“ на Пелистер. Големиот јубилеј ќе биде заокружен со научниот симпозиум за боречки вештини, кој ќе се одржи кон крајот на годината на кој ќе присуствуваат 7-8 имиња од самиот врв на овие спортови, а кои ќе бидат носителите на овој симпозиум ќе соопштиме наскоро.

Инаку, Ѓуро Илиќ во своето си-ви покрај големите спортски и тренерски успеси има се јавува и како автор на голем број на едукативни трудови. Бил издавач и уредник на 5 видео- касети, 5 ДВД изданија, прирачници, книги, а бил уредник и на единственото списание за боречки спортови “Црн појас.

Сепак според бројот на примероците и интересот кај вљубениците во реалниот аикидо, најуспешно и најгледано е четвртото ДВД издание за техниките на самоодбрана кое се снимаше во филмскиот град во Касарната.

С.Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »