Менаџерскиот тим на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ – Битола, со сопствени средства, деновиве набави нов борер за операционата сала на одделението за ортопедска хирургија и травматологија.
Постоечкиот, стар повеќе од 30 години, безброј пати беше поправан, со што стана несигурен и ризичен како за пациентите така и за операторот.
Новиот електричен борер на фирмата “Zimmer“ е современ, прецизен и лесен за работа, со што се скратува времетраењето на операциите и го подобрува квалитетот на работа.
Во пакетот, на борерот, има додатоци за пили, бургии, киршнерови игли, римери и друго со што безбедно и по највисок светски стандард ќе бидат изведувани травматолошките и ортопедските операции.
Веруваме дека со големата ангажираност на менаџерскиот тим и со подобрување на квалитетот на работа на тимот во ортопедија наскоро ќе го вратиме високиот рејтинг кој го имаше ова одделение, а со тоа и довербата кај пациентите.
Новиот новиот борер веќе е ставен во функција на радост на пациентите и лекарите.