Press "Enter" to skip to content

РК Еурофарм Работник ангажира нов тренер, Ѓорѓе Чирковиќ

Само по два дена откако Илија Темелковски е прекомандован во советник, управата на Еурофарм Работник за нов тренер го назначи Ѓорѓе Чирковиќ кој доаѓа од романска Констанца.

Чирковиќ е млад надежен српски тренер каде до неговото презиме стои дека е магистер по ракомет, има 43 години. Како најголем успех му е играњето во СЕХА лигата со Војводина и во европските купови, а со Војводина има освоено пет трофеи.

Ѓорѓе Чирковиќ покрај водењето на Еурофарм Работник оваа сезона ќе има и уште една ракометно-тренерска обврска, а тоа е селекторската позиција на кадетската селекција на Србија која ќе настапува на Европското првенство.

Како ракометар настапувал за екипите на Војводина од Нови Сад и за Партизан од Белград.

More from СпортMore posts in Спорт »