Вчера започна 16, седница на Советот на општина Битола, која по кратко беше прекината, а претседателот на Советот, Валентин Груевски, продолжението го закажа за денес во 10 часот.
Вчера беше донесена одлука за одржувањето на Реонскиот пазар во Нова Битола, кое сега по донесување на одлуката преминува во надлежност на сите јавните претпријатија, а не само на ЈП “Пазари“. “Комуналец“ да ја одржува зелената површина, “Нискоградба“ канализационата мрежа, пасажите и скалите, а “Водовод“, водоводната мрежа.
-Со оглед на тоа што никој нема во својот делокруг на работа одржување на покривната конструкција, предлагам јавните претпријатија на заеднички состанок да одлучат кој тоа е го извршува, по што тоа ќе влезе во договорите што ќе ги потпишат со Општина Битола, рече советникот Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот.
Беше и донесена одлука за примање на донација од “Пивара“ АД Скопје – изградба на летниковец, по што седницата беше прекината, при донесувањето на Дневниот ред позиција, опозицијата и “Поинаку“ има дополување на двевниот ред.
Денес покрај другите точки советниците ќе гласаат и за давање согласност за оттуѓување на доминантен пакет акции во ФК Пелистер АД Битола на други физички или правни лица, а претходно треба да се даде согласност на “Орка Холдинг“ ,“Пелистерка“, ЗК “Пелагонија“и “Жито Битола“за оттуѓување на доминантен пакет акции кои ги имаат во ФК Пелистер на друго правно лице.