Следејќи го трендот на современи библиотеки, НУУБ “Св. Климент Охридски“- Битола, постави мини библиотеки на две локации, и тоа во градинките “Естреја Овадија Мара“ и “Мајски цвет“, како две мали кукички каде ќе бидат во иднина сместени книгите за најмалите читатели.
Целта на оваа иницијатива наречена “Инсталација на мини библиотеки во Битола“ е да ги поттикнат децата од најмала возраст да читаат книги, да дојдат во допир со книгата и да ги мотивираат да станат членови на библиотеката од најмала возраст и да се даде придонес кон развојот на културата и субкултурата на читање книги која како уникатна човекова активност се повеќе се натпреварува со електронските форми на пренос на информации во скратена форма.
-Поставувањето на мини библиотеки има за цел да го поттикни интересот за читање, размена на книги и социјализација на љубителите на книги како дел од субкултурата на живеење во нашиот град. Љубителите на книги ќе можат да позајмат, книга да ја прочитаат и да ја вратат, но во исто време и да подарат книга на некој друг љубител, ни рече Фатма Бајрам Аземовска од НУУБ “Св. Климент Охридски“- Битола, која на најмалите читатели им го претставуваше начинот на функционирање на мини-библиотеките и им раскажуваше за книгите кои библиотеката им ги подари на градинките заедно со специјално дизајнираните дрвени кукички.
НУУБ “Св. Климент Охридски“- Битола рамките на “Бит фест 2018“ година, продолжи со имплементација на проектот “Инсталација на мини библиотеки во Битола“.

Поставени мини-библиотеки во две детски градинки (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
- Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
- Деновиве пред 10 години: “Златната камера 300“ за животно дело во 2013 за Хосе Луис Алкаине (фото)