Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола беше изведена најновата премиера на “Солза и смеа“, која се одигра во рамките на “Бит фест 2018“.
Премиера “Таа рече да“ е работена според едночинката на А.П. Чехов, “Предлог за брак“, а во синоќешната битолската публика, која редовно ги полни салите кога се прикажуваат претставите на “Солза и смеа“, уживаше во препознатливиот стил и хумот на актерите во ова драмско студио.
Режијата на најновата претстава на “Солза и смеа“ е на Александар Димитровски, а во претставата играат: Валентина Кожовска, Никола Тргачевски – Кумба, Алекдандар Димитровски, Тања Димевска, Стојанчо Јансковски и други.
Првата реприза на “Таа рече да“ е закажана за 24 јули, исто така во Центарот за култура.

“She sead yes!“ – “Таа рече да“, најнова премиера на “Солза и смеа“ (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Питер Бижу, оскаровец и добитник на “Камера 300“: по снимањето на „Мисисипи гори“, ми беа потребни неколку недели за емотивно да закрепнам
- Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
- Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Библиотеката
- Паоло Карнера, кинематограферот на филмот „Носталгија“: кинематограферите од соништата прават филмски материјал
- Денес отворање на изложбата и доделување на наградите на фото-изложбата “Со љубов од Битола“