Битола имала и се уште има фудбалери кои своите кариери ги продолжија во поголеми клубови, а секогаш кај нив останала љубовта кон Пелистер и Битола, а тие секоја прилика ја користеле да дојдат дома, да се видат со пријатели, да бидат дел од дневната кафе-шема, вечерните излегувања…
А, токму денес во градската кафеана на хотел “Епинал“ сретнавме тројца битолски фудбалери кои дел од својата спорската кариера ја поминале или ја врват во Скопје.
Вангел Алтипармаковски – тренер на младинците на Работнички, Владица Брдаревски – фудбалер на Вардар и Димче Ристевски – фудбалер на Пелистер и поранешен фудбалер на Вардар, се дружеа заедно, а иако се различни генерации фудбалери, заедничко за нив тројцата е тоа дека имале-имаат “фудбалски живот“ во Скопје.
И секако најголема тема на разговор е фудбалот, состојбите во македонскиот фудбал, во Пелистер, во Вардар, кој каде ќе оди, кој со кој преговара, а темата во овие летни горешнити е неисцрпна, а кафе-муабет со нив, во пријатната атмосфера на бавчата на “Епинал“ нема крај.