Press "Enter" to skip to content

Синоќа, со оро и чалгии, во Чаршијата, заврши 12. издание на “Локум фест“ (фотогалерија)

Со оро и кларинетот на Вевки, кој настапи во групапа “Вевки чалгија трио“ и и „Tapi Project“ од Индија во старата битолска чаршија, пред кафулето “Бар чаршија“ се затвори годинашното 12. издание на “Локум фест“.

Во трите фестивалски вечери битиолчани имаа прилика да проследат седум ансамбли од Македонија, Бугарија, Турција, Словенија, Индија, а се дружеа со “Морски перли“ од Варна, “Balkananatolia“ турско македонска тајфа, “Баклава“, “Вевки чалгија трио“, и „Tapi Projec“t од Индија, а според реакциите на битолчани кои беа на трите фестивалски вечери најмногу впечаток им остави група “Enhnusiasm“ од Словенија, каде беа битолчаните Марта Костурска и Горан Гаревски.

Организаторот на фестивалот “Локум фест“, Тоше Ивановски, по завршувањето на фестивалот беше задоволен од тоа што се случуваше на трите вечери на фестивалот и рече:

– 12. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал “Локум фест“кој слободно може да се начеше фестивал на музиката и традицијата, докажа дека е единствена ваква манифестација која својата инспирација ја црпи од културното наследство на најопеаниот македонски град, градот Битола. Во срцето на старата битолска чаршија, докажевме дека обичајот на “локум и кафе “ како синоним за средба, еснафлук, пријателство помеѓу сите култури бил и останува еден синобим на славната конзулска Битола. Овој фестивал и оваа година ја славеше традицијата, културното наследство на многувековната Битола и повика на славење на различноста низ музиката.

Изложби на ракотворби, везови и секако локумите на “Дониа“ беа дек дел од 1. Издание на “Локум фест“ кој беше делумно поддржан од Министерство за култура на, Општина Битола и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а организатор е се ЦКД Битола и ЗГ Локум фест и беше во во рамките на “Бит фест“.

С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »