Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Трговец поединец“ продава на Широк Сокак, на средина на пешачкиот кај “Епинал“

Ако улицата “Димитар Илиевски – Мурато“ за време на летниот период е затворена за сообраќај и е пешачка зона за полесно да се движат битолчани и гостите во Битола, во саботата вечер, во најголемиот шпиц, минувањето беше отежнато, бидејќи некој “паметен“ токму на средина на пешачкиот премин пред хотелот “Епинал“ со постави импровизирана тезга.

Во најголемата гужва тој си продаваше од играчките наменети за деца и со покажување како “летаат“ играчките ги намамуваше децата да побараат од родителите да им купат таква играчка.

Но, додека продаваше и демонстрираше како летаат играчките имаше и неколку “судари“ со минувалите, а некои од нив оправдано реагираа малку пожестоко.

Но, ни таквата реакција не го погоди овој “трговец поединец“, туку си продолжи да продава играчки и да ја “шета тезгата“, како што прави секоја вечер, од плоштадот “Магнолија“ па се до Офицерски дом.

More from БитолаMore posts in Битола »