Press "Enter" to skip to content

В сабота почнува бербата на боровинката, берачите да обезбедат легитимации – откупувачите договори

По одржаниот работен состанок во Националниот парк “Пелистер“ на Управата на паркот со претставници на фирмите, кои се занимаваа со откуп на боровинка и други шумски производи, кои за таа намена располагаат со соответни дозволи од Министерството за животна средина и просторно планирање, е договорен датумот за отпочнување на бербата на боровинката.

На состанокот стана збор за биолошката зрелост на боровинката на Пелистер, при што беше утврдено дека званичниот датум за отпочнување на бербата на боровинката ќе биде 28 јули 2018 година (сабота).

Во периодот до 27 јули 2018 година се повикуваат заинтересираните собирачи на боровинки да се обратат до Управата на НП Пелистер и да си обезбедат легитимација за собирање, или маркица за собирање за 2018 година, доколку веќе имаат легитимација.

Фирмите откупувачи, треба најдоцна до 27 јули 2018 г. да достават официјално барање дека ќе учествуваат во откупот, да уплатат депозит и да го потпишат договорот за откуп со НП “Пелистер“.

На тие откупувачи кои нема да потпишат договор, нема да им биде дозволен откуп на боровинка на територијата на НП “Пелистер“, информираат од националниот парк.

More from ВестиMore posts in Вести »