Press "Enter" to skip to content

Маја Андоновска-Илиевска избрана нов директор на Центарот за култура, нејзиниот принцип е “Култура за сите“

По распишаниот конкурс за избор на нов директор на Центарот за култура во Битола од страна на Министерството за култура на Владата, за нов директор е избрана Маја Андоновска-Илијевски, актерка на Народниот театар во Битола, со мандат во траење од четири години.

По изборот за директор, за “Bitolanews“, Маја Андоновска-Илијевски рече:

-Она што традиционално се покажало како успешно и буди интерес кај публиката би го работела со иста посветеност исто како што на тоа работеле и пред мене со тенденција за подобрување, осовременување и зголемување на времетраењето на сите фестивали кои Центарот за култура успешно ги работи како што се Илинденски денови, Фестивал на музика на светот, Фестивал на монодрама… Мојата основна цел ќе биде да го претворам Центарот за култура – Битола во простор во кој што ќе владее системот “отворена врата за сите“ (open doorspolicy) со што граѓаните од сите возрасти ќе имаат можност да се доближат до современите културни текови и случувања, со што би се рализирал бескрајно важниот принцип – “Култура за сите“.

Инаку, Маја Андоновска-Илијевски е дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во НТБ е вработена од 2010 година, а настапувала во голем број на претстави во НТБ, во голем број на телевизиски серии, а и во македонските народни прикаски. Андоновска-Илијевски има и самостојни проекти, а последниот е детските претстави од проектот “Добро Утро – заборавените кукли“, “Добар ден- насмевки по пошта“ во рамките на годинашниот “Бит фест“.

Маја Андоновска-Илијевски е директор на Центарот за култура по Зоран Димовски кој досега ја извршуваше функцијата вршител на должност.

More from ВестиMore posts in Вести »