Press "Enter" to skip to content

РК Пелистер организира прв ракометен меморијален турнир “Боро Чурлевски“

Големиот ракометен турнир кој скромно го најави Управата на ракометниот клуб Пелистер при преземањето на клубот во чест на големата ракометна и спортска легенда, битолчанецот Боро Чурлевски, кој за жал пред време не напушти е веќе реалност.

РК Пелистер ги соопшти имињата на учесниците на турнирот, термините за одигрување на натпреварите и се она што е поврзано со овој турнир.

Првиот ракометен турнир “Боро Чурлевски” ќе се одржи од 30-ти август до 2-ри септември во спортската сала “Младост” во Битола.

РК Пелистер ќе биде домаќин во втората група, а за противници ќе го имаат францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија, како и за шампионот од соседна Грција, Олимпијакос кој безрезервно ја прифати поканата да гостува во конзулска Битола и ја осети еуфоријата на најракометен град на Балканот.

Во првата група новајлијата во суперлигата екипата на Бутел ќе ја има честа да го отвори турнирот заедно со вицешампинот на Турција, Селкаспор како и шампионот на Финска екипата на Кокс.

Општина Битола заедно со Ракометниот клуб Пелистер ќе бидат организатори и домаќини и ги повикуваме сите љубители на ракометот во Македонија да не посетат и уживаат во ракометните мајстории кои ќе се прикажат на премиерното издание на интернационалниот турнир “Боро Чурлевски”.