Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката на Општина Битола за состојбите во образованието

Воспитно-образовниот процес на територијата на Општина Битола се одвива во вкупно осумнаесет училишта, од кои дванаесет основни и шест средни училишта.

Неколку години, со блокирани сметки се најголем дел од основните училишта и две општински средни училишта.

Ваквата затекната состојба во образованието, која со години наназад се провлекува во битолските училишта, може да донесе и дополнителни проблеми во нивното работење.

И покрај напорите на Општина Битола, училиштата се во незавидна финансиска состојба. Напоредно со висината на долгот на училиштата од 4,5 милиони евра, една од причините е што нема законска можност да се платат дел од долговите на блокираните училишта кон надворешните добавувачи, бидејќи цесиите (договор за отстапување на одредено побарување од еден на друг доверител, при што на должникот му останува обврската да ја исплати кон новиот доверител) законски не се дозволени.

Општината во рамките на своите можности за надминување на ваквата наследена состојба во образовниот процес презема мерки, а една од нив е навремено информирање до сите владини надлежни институции за овој проблем.

Побарано е истите да се вклучат во решавање и надминување на проблемот со блокираните сметки и евентуалните реакции на добавувачите, поради неисплатените долгови на училиштата и можните натамошни последици.

More from ВестиMore posts in Вести »