АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“ ја известува јавноста дека “Блокот 1“ на Термоелектраната “Битола” денес повторно е ставен во функција, по 75 дена капитален ремонт.
Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од два и пол месеци.
По капиталниот ремонт на Блок 1 на Термоелектраната “Битола“, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК “Битола“ предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври.