Дека со природата нема играње и нема сила што може да и се спротистави, битолчани денес на два-три пати тоа го почуствуваа на своја кожа.
Ураганот “Флоријан“ која “е присутен“ на Балканот денес ја погоди Битола и на два пати сосема ги испразни улиците низ градот, а попладнево ја испразни чаршијата за еден миг, бидејќи силината на дождот ја почуствуваа сите.
-Ова денес е по трет пат и мисла дека завршивме за денес со работа, тешко дека некој по дождот ќе се врати в чаршија, се пакуваме сите и затвораме, вели еден дуќанџија.
Додека се “криевме“ од дождот под стреа до нас дојдоа двајца битолчани кои за време на дождот ни рекоа:
-Ние сме од тука од Битола, а живееме со Шведска. Сега сме на одмор, но тука е сега времето како во Шведска. Од таму ни јавуваат дека е над 30 степени, а тука е на пола. Комшиите ни се јавија и ни рекоа дека се е во ред со куќата, но тревата била за никаде. Имало забрана за поливање на тревници и била многу оштетена тревата. Сосема се променија времињата, низ смеа ни кажуваа.
Но, сепак најповеќе ваквото време ќе ги погоди нашите сограѓани кои имаат претходно платено летување во Грција, бидејќи за наредните денови се прогнозираат врнежи.
-Имам платено од порано, но сега ќе пробам ако можам и ако има некоја можност да го одложам одморот за една седмица, а ќе понудам и доплата, вели Тони, кој е во дилема за годишниот одмор со оглед на времето кое се прогнозира и ни ја покажува прогнозата за Грција на својот мобилен телефон.
Но, според метеоролозите прогнозираат слично време и за наредните денови.

“Флоријан“ за миг ја испразни чаршијата (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: прекрасна изведба на мјузиклот “Ева Перон“ во Офицерски (фотогалерија)
- Од вчерашните настани на “Битфест“: празникот на музиката “Солстиз“ на Битфест (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола започна да се гради “филмската улица“ на “Магнолија“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: и пред 10 години расправии за времените гаражи и дворот позади зградата “ЈАТ“
- На Конвенција на Лајонс членовите во Хрватска, се збратимија Лајонс клубот Битола и клубот од Шибеник (фото)