“Хепар центар“ од Битола денес го одбележува 28 јули, Светскиот Ден за борба против хепатитот со голем број активности за едукација, превентива и забава со наши естрадни уметници за намалување на стигмата и дискриминацијата против овие заболувања.
Активностите започнуваа со акцијата за бесплатно и анонимно тестирање за Хепатитис Б – Ц и Хив како и крводарителска акција во Центарот за Култура.
Вечерва во Битола на Широк сокак пред платото на “ВИП“ ќе се одржат музички, танцувачки и огнени перформанси со наши познати естрадни уметници и едно изненадување за сите присутни, од најмали до најголеми, од 21.00 ч.
Активностите ќе има и во понеделник на 30 јули во една од најголемите компании во регионот “Кромберг & Шуберт“ со активности за едукација, превентива и бесплатно и анонимно тестирање за Хепатитис Б – Ц и Хив, а ќе има и посети на Охрид и Струга.