Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, србинот Ѓорѓе Чирковиќ, попладнево им се претстави на ракометарите и ја изврши првата прозивка во спортската сала “Младост“, со што и офоцијално започнаа подготовките на битолскиот ракометен претставник на меѓународна сцена.
Поранешниот селектор на кадетската репрезентација на Србија, кој има работено во Грција, Србија и Романија, за стартот на подготовките рече:
-Полека се запознавам со екипата, на ТВ ги гледав натпреварите од минатата сезона и имам идеја како ќе играме. Сакам да го извлечам максимумот од екипата која ја имам. Наследив скоро готова екипа, веројатно ни недостига само едно десно крило, бидејќи на оваа позиција го имаме само Ѓукиќ.
За амбициите оваа сезона која е на прагот Чирковиќ вели:
-Само по еден двомеч можеме да се најдеме во групната фаза на ЕХФ купот, што во овој момент е амбиција на клубот. Мислам дека можеме да играме и да се надеваме на успех со секоја од екипите со кои може да не соочи ждрепката“, кој додаде дека само по две средби со луѓето од Еурофарм Работник паднал договорот за преземање на екипата.
Ракометарите на Еурофарм Работник по стартот во Битола ќе продолжат во Маврово, каде што имаат идеални услови за подготовки во овие летни горештини, а првиот посериозен испит ќе им биде на струшкиот турнир.
Инаку засилувања во екипата на Еурофарм Работник оваа лето се: крилото Милан Ѓукиќ, голманот Благојче Трајкоски, Никола Маркоски и Никола Ивановиќ, а од октомври ќе се приклучи во третото коло на ЕХФ Купот, натпреварување во кое за првпат ќе учествува во својата историја.