Вчера во водите на Охридското езеро се одржна 39. Охридски маратон на кој учествуваа две категории пливачи, под 16 години и над 16 години.
Пливачкиот клуб Југ од Битола кој традиционално настапува на ова престижно пливачко натпреварување оваа година имаше тројца пливачи кои настапија под менторство на тренерот Михајло Трампевски. Инаку под 16 години пливаа 37 пливачи, а во категоријата над 16 години пливаа 9 пливачи, најдобрите од сите клубови.
На патеката долга2,6 километри од кафе барот “Куба либре“ до градското пристаниште ја испливаа тројцата пливачи и ги постигнаа следните времиња:
-Михаил Петковски со време од 39.35 минути
-Христо Динев со време од 45.20 мунути и
-Лука Талев со време 46.30 мунути.
Тренерот Михајло Трампевски за настапот на неговите пливачи на маратонот вели:
-Одличен настап на тројцата пливачи кои настапија за Југ и можам само да им честитам на тоа што го покажаа бидејќи испливаа со време кое е подобро од тоа што го имаа лани. Михаил е побрза за 5 минути, Христо за 8, а Лука има подобрување од 12 минути. Посебно ми е мене криво, а секако и на целата екипа бидејќи Михаил само за 8 секунди не стигна до бронзениот медал во категоријата под 16 години.