Press "Enter" to skip to content

Изложба на фотографии “Три точки“ пред Офицерски (фотогалерија)

Синоќа битолчани кои вечерните часови ги поминаа на Широк Сокак имаа прилика пред Домот на АРМ да ја видат изложбата на фотографии со наслов „ТРИ ТОЧКИ“, која е дел од програмата на годинашниот “Бит Фест“.

„Проектот „ТРИ ТОЧКИ“ е настан кој го заслужи вниманието на битолчани и гостите во градот, а станува збор за проект осмислен и реализиран од страна на членовите на Фото клубот “Стеван Наумов-Стив“ кој работи во составот на Народна техника-Битола.

Најголемиот број од учесниците се млади до 21 година, кои за првпат се сретнале со начинот на изработка на фотографии во Фото школата, која се одржува секоја година, и на која земаат учество околу 25 млади таленти од нашиот град. Но, има и искусни и докажани фотографи – наградувани на престижни изложби и фото натпревари во земјата и странство.

Изложбата на фотографии овозможува, повторно во нашата средина на директен начин креативно да се ангажираат млади, и се надеваме дека ќе биде атрактивна и привлечна со препознатливи вредности и ќе претставува освежување во богатата фотографска традиција на Битола, рекоа од фото клубот “Стеван Наумов Стив“.

More from БитолаMore posts in Битола »