Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: Добил изгореници во пожар во сопствената куќа

Синоќа околу 19.35 часот во куќата сопственост на С.С. (58) на ул. “Лавчански пат“ во Битола, кој живеел сам, избувнал пожар.

Пожарот настанал во една од собите и во тој момент С.С. бил во куќата.

Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.

Во обид да го гаси пожарот, С.С. се здобил со повреди по што бил пренесен во Клиничкатра болница Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »