Press "Enter" to skip to content

Најдостојно одбележана храмовата слава “Св. Петка“ во Рокдаел-Сиднеј, Австралија (фото)

За Bitolanews од Сиднеј: Кире Циревски

Во средата на 8-ми август ова лето господово портите на храмот посветен на “Св. Петка“ во сиднејското предградие Рогдејл, беа отворени уште во раните утрински часови. Како река верниците го исполнија храмот и дворното место, а најголем број од нив беа од Битолскиот крај.

Сите сакаа да бидат во храмот да ја почуствуваат торжествената радост на пренесувањето на светите мошти од светителот од македонски род Свети Гаврил Велички, и да се поклонат на истите.

Имаше мноштво народ од сите возрасти. Храмот беше преполн. Амбиент кој со зборови неможе да се опише, односно треба да се биде физички присутен за да може да се почуствува радоста на верниците, и свештенослужителите.

Архимандритот Гаврил ги пренесе, а верниот народ еден по еден ги целиваше и им се поклонуваше на светецот.
Потоа следуваше Божествената литургија на која зедоа учество свештениците Владо Недески, Наум Деспотовски и Ѓорѓија Лаповски од Австралиско – сиднејската епархија на МПЦ возглавена од Митрополитот Тимотеј како нејзин администратор.

Парохискиот свештеник, Владо Недески, во своја беседа говорејќи за животот и страданијата на Св. Петка Римјанка во чија слава е наименуван овој храм, им го честита празникот со желба за здравје и срека во семејствата, и што поскоро да зацари самопочитаниетo и љубовта мегу македонскиот народ, а пред се овде меѓу нас.

Верниците со нетрпение го очекуваа чинот на осветување на црковното звоно, односно камбаната. Звукот на камбаната ќе го повикува и кани Македонскиот православен народ, да ја посетува црквата, да се сплоти околу својата црква, околу својата Татковина Македонија.

Како и секоја година така и оваа управниот одбор после црковните обреди и Богомолитвенија организира “трпеза на лубовта“ на која оваа година присуствуваа нешто повеќе од триста верници.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »