Press "Enter" to skip to content

Реконструираниот дел од Булеварот, од Ленски мост до “Хигиена“, пешачка зона на радост на дуќанџиите (фото)

Иако се уште, како велат, немаат видено црно на бело, дуќанџиите кои имаат дуќани на реконтрираниот дел од Булеварот, на потегот од Ленски мост до големиот мост кај Безистенот, ја поздравија идејата за овој дел да биде пешачка зона.

-Мака мачевме со автомобилите, се паркираа како сакаа и кој кај ќе стигнеше. Овие десетина дена сме раат, улицата е реконтруирана во нова водоводна и канализациона мрежа, поплочена со крупни коцки, направени тротоари, е се посеа и трева. Нема автомобили, освен по некој залутан, нема прашина, нема бука, се си функционира, велат дуќанџиите кои ги затекнавме на улицата.

Малку подолу, останатите дуќанџии се однесуваат како пред многу години, поставија масички и со кафе се дружат меѓу себе, а други веќе започнаа дебата како да ка крстат улицата.

-Скопје има Боемска улица, не треба да ги копираме, ние треба да си викаме Дембел чаршија. Се надевам дека нема да остане само на една кафеана колку што има сега на овој дел. Ќе се отворат нови и ќе си бидеме како порано, еснафи – дуќанџии. Иако сме во криза, сепак ќе си работиме сите така, со дружење и со бркање бизнис, вели друг дуќанџија.

Но, и покрај дебатите за името на улицата, не само што ја одобруваат идејат, туку велат треба така да биде и од другата страна на Драгорот, а просторот пред “Континентал“ или слаткарницата “Стела“ да биде мал плоштад модерно уреден, а убавите сенки ќе донесат многу муштерии.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »