Ако некој имаше и најмалку дилема дали битолската поп-звезда, Каролина, ќе ја наполни со публика Хераклеја, на третиот по ред концерт во Битола за брзо време, тоа синоќа се разувери.
“Седиштата“ во античкиот театар се пополнија со битолчани кои сакаат да уживаат во гласот на своето, битолско чупе, а како рече еден нејзин обожавател, и утре да има уште еден концерт тука пак ќе има толку публика, бидејќи е грев Каролина да пее во Битола, а да не слуша и гледа.
Поп-ѕвездата Каролина Гочева по три години, повторно одржа концерт летово, на нејзиното омилено место, кој го закажаа со “Авалон продукција“, во Хераклеа.
Каролина по првата песна која испеа од сцената, побара да се запалат светлата во публиката, бидејќи како таа рече, сака да ги гледа своите битолчани, кои дојдоа со неа да го испеат концертот.
Каролина ги пееше познатите поп-хитови, а и публиката со неа, па така оние 2-3 илјади битолчани кои беа во Хераклеја, уживаа во августовската прекрасна ноќ во концертот и долго ќе се сеќаваат, а денес ќе им раскажуваат на оние кои го пропуштија концертот.
Каролина ќе пееше хитовите од нејзиниот актуелен албум “Извор“ и албумот “Македонско девојче“, чии песни премиерно ги изведе во март на два концерти по ред во Битола.
Денес Каролина и бендот настапуваат во Античкиот театар во Охрид.
Фото: С. Ристевски

Каролина со концерт во за неа најубавото место за тоа – Хераклеја (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
- Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
- Деновиве пред 10 години: “Златната камера 300“ за животно дело во 2013 за Хосе Луис Алкаине (фото)