Press "Enter" to skip to content

Од денес во Клиничката болница магнетната резонанца ќе работи 24 часа

Од денес 13.08.2018 година, почнува пилот програмата за 24 часовно работење на магнетната резонанца, најавена при првата посета на министерот за здравство д-р Венко филипче на Клиничката болница во Битола.

Магнетната резонанца при Клиничка болница Битола ќе опфаќа пациенти од цела Македонија, кои тука ќе можат да ги направат потребните испитувања.

Од Клиничката болница истакнуваат дека се сигурни дека чекањето за снимање ќе се намали бидејки има интерес и до крајов на месецот сите термини се веќе закажани преку мој термин, а веќе се организирани како екипа при ренген служба.

More from ВестиMore posts in Вести »