Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Со бела боја исчкртан сообраќајниот знак за Атина

Сообраќајниот знак кој покажува во кој правец треба да се движат возилата на кружниот тек кај “Дулието“ за да се упатат во правец на Атина, Грција е потполно оштетен, прекриен со бела боја и не може возачите да знаат кога да се исклучат за Грција.

Ова не е прв пат да се оштетуваат сообраќајни знаци на кои пишува во која насока треба да се движат возачите кон нашиот јужен сосед, а такви сообраќајни знаци кои се оштетени со фарбање со боја ги има повеќе низ Битола.