СВР Битола поднесе известување против Н.С.(56) од Битола, овластен проценител на имот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2015 и 2016 година, на барање од една банка, приватна фирма изработила основен проект за пренамена и адаптација на постоечки простории на банката во Битола. После тоа, како како проценител бил ангажиран пријавениот, кој користејќи ги критериумите на Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот, дошол до пазарна вредност на деловниот објект како една функционална целина со вредност од 217.567 евра. Вредноста била утврдена врз пресметка на 14% амортизација, 30% нарушена сеизмика на објектот постигната градежна вредност и преку споредба на вредноста што слични имоти ја постигнале во слободен промет, во моментот кога е вршена проценката. Меѓутоа, во проценката не било елаборирано кои се тие слични имоти кои во слободен промет постигнале слична вредност во моментот на вршење на проценката. Постигнатата градежна вредност на објектот била иста со книговодствената, не била извршена ревалоризација на основните средства, па така метар квадратен деловен простор бил проценет на 111 евра.
СВР Битола поднесе и кривична пријава против С.С.(35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злопупотреба на службена положба и овластување“. Во период од 2015 до 2017 година пријавениот како директор на Јавното претпријатие “Пазари“, спротивно на Колективниот договор на јавното претпријатие, потпишувал налози и одобрувал исплата на парични средства за “Јубилејна плата“ за себе и за вработените со што причинил штета од 2.079.985 денари.