Во салата на клавирите во НУ Завод и Музеј-Битола синоќа се одржа промоција на новата книга на проф. д-р Марјан Танушевски, насловена “Лобирање во културата – Конзулската дипломатија во Битола“.
На промоцијата зборуваа промоторите на книгата проф. д-р Нано Ружин и Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Репубика Франција во Битола.
Книгата “Лобирање во културата – Конзулската дипломатија во Битола“ на Марјан Танушевски, кажаа промоторите, дека треба и мора да се прочита како документ за еден светол временски пеериод на конзулска Битола, а претставува и пример како треба да се лобира во културата, преку конзулската дипломатија.
Рецензенти на книгата се академик Костадин Пушара, професор Емеритус и проф. д-р Нано Ружин.
Во воведот на книгата авторот Танушевски се осврнува на ребрендирањето на конзулската традиција во Битола која почнува во 1995 година, а ги набројува сите акредитирани конзулати во Битола од 1852 до 1908 година.
Првиот дел на книгата е посветен на лобирањето и дипломатијата, а во вториот дел се поместени интевјуата кои Танушевски ги има наравено со почесните конзули на Франција, Турција, Руската федерација, Романија, Србија, Црна Гора, Унгарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Украина, Велика Британија, Словенија и Хрватска. Танучевски ги споменува и канцеларијата за врски на Грција и генералниот конзулат на Бугарија.
По последниот, трет, дел е претсавен дел од лоби речникот на франуско-американскиот лобист – ветеран, Фулои со појаснувањата.
На промоцијата на книгата беа присутни градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска и почесните конзули, кои како спомен на оваа промоција добија потпишани книги од авторот.
Инаку, авторот проф. д-р Марјан Танушевски е професионален новинар-уредник во државната новинска агенција МИА, вонреден професор на БАС- Скопје и претседател на МНД од Битола.
С.Р.