Press "Enter" to skip to content

Работна средба за одржување на недела на безбедност во сообраќајот од 2 до 9 септември

Во хотелот “Епинал“ денес се одржа работна средна во врска со организацијата и реализацијата на неделата на безбесноста во сообраќајот во Битола која ќе се одржи од 2 до 9 септември, а ќе биде во организација на Општинскиот и Републилкиот совер за безбедност на сообраќајните патишта.

На работната средба присуствуваа претставници од Техничкиот факултет во Битола, ЈП “Комуналец“, ЈП “Нискоградба“, од комисијата за безбедност при Советот на општина Битола, како и претставници на “Битола на точак“.

-Според планот за 2018 оваа активност беше предвидена за месец ноември, но, со оглед на сериозноста и во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „НЕДЕЛАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ“ одлучивме да ја реализираме порано и тоа од 2-ри до 9-ти септември, рече д-р Јасмина Буневска Талевска, претседател на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола.

Во оваа недела на безбедност во сообраќајот дел од предвидените активности е:
-Брендирање на јавните површини „ГО САКАМ ГРАДОТ БЕЗБЕДЕН“,
-Работилница „БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ и БЕЗБЕДНИ КРСТОСНИЦИ“ за рехабилитација на хоризонталната и вертикална сигнализација на критични локации,
-Работилница „Училишните тротоари се за деца, а не за возила“,
-Работилница „Младите возачи и алкохолот“,
-Работилница за состојбата и мерките за подобрување на велосипедскиот сообраќај (патеки, рампи, паркирање) и ВЕЛОСИПЕДСКИ ХЕПЕНИНГ
-Работилница за состојбата и мерките за подобрување на ТАКСИ превозот и јавниот градски превоз,
-Работилница за состојбата и мерките за подобрување на ПАРКИРАЊЕТО во градот.

-Вашиот интерес за денешната работна средба доволно покажува дека состојбата со сообраќајот и безбедноста на улиците во Битола е тажна и потребно е ИТНО да се превземат мерки! Сообраќајниот метеж низ кој секојдневно се пробиваме е и индивидуална и колективна одговорност, па мерки за подобрување на оваа слика се очекуваат и од сите граѓани и од сите надлежни претпријатија и институции, нагласи д-р Јасмина Буневска Талевска, и додаде:

-Денес, наместо да зборуваме за “Битола ГРАД НА МОБИЛНОСТА“ и да размислуваме за воведување на напредни технологии во процесот на планирање и управување со сообраќајот во градот, или наместо да зборуваме за “Битола ВЕЛО-ГРАД“ ние се прашуваме како ќе ги испратиме на 3-ти септември нашите деца до училиште, по кој тротоар, по кој пешачки премин, со кој вид на превоз и зошто не со велосипед?

Работилниците ќе ги реализираме на терен за да постигнеме Битола една недела да живее во духот на безбедноста и со мотото „ГО САКАМ ГРАДОТ БЕЗБЕДЕН“, со надеж дека пораките кои ќе произлезат од организираните настани и активности ќе допрат до секој граѓанин…, и дека секој од нас соодветно ќе продолжи да ги пренесува пораките понатаму… наставниците на учениците, родителите, бабите и дедовците на своите деца и внуци, пријателот на пријателите…

Поддршка за акцијата дадоа СВР Битола, Технички факултет Битола, ЈП “Комуналец“, ЈП “Нискоградба“, од движењето “Битола на точак“, од Комисијата за безбедност при Советот на општина Битола, ПП “Паркинзи“ и искрено се надевам дека преку ЗАКЛУЧОЦИТЕ кои ќе произлезат ќе успееме да иницираме кај надлежните институции поажурно да се осврнат на својата задача, а тоа е да работаат во служба на здравјето и безбедноста на граѓаните.

More from БитолаMore posts in Битола »