Со последната интернационална вечер која се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола и со доделување на наградите на најдобрите заврши годинашниот 19 по ред интернационален фестивал “Тра ла ла“.
Најдобра на овогодинешниот фестивал, според стручното жири беше италијанската пеачка Сара Дел Олио, која покрај големиот пехар доби и чек на 1.000 евра.
Сара Дел Олио не можеше да ја скрие радоста од добиената награда, а тоа се почуствува и при изведната на победничката песна со која и заврши фестивалот.
Организаторот на сите учесници им додели медали со гравиран мотив од Битола и фестивалот за сеќавање на овие изминати денови во Битола и Охрид.
Директорот на фестивалот им се заблагодари на сите кои беа дел од 19. издание на изведувачите, на менторите, на стручното жири, и на сите им додели плакети.
Посебна плакетс доби градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, за поддршката на годинашниот фестивал.
Овој детски фестивал се одржа во рамките на годинашниот “Бит фест 2018“.

Сара Дал Олио победник на 19. фестивал “Тра ла ла“ (фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Македонијо во срце те носиме” на Никола Мицевски во Битола, настапија Ламбе, Бојана, Сузана, Наум, Зуица… (фотогалерија)
- Ди-џеј Моралес: очекувам спектакл во Битола вечерва, а за атмосферата во 2012 и мојот сет најдобро опишува фотографијата која ми ја подаривте (фото)
- “Широк сокак во бело“ – 11. по ред Бела ноќ во Битола, вечер забава со ди-џеј Моралес (фотогалерија)“Широк сокак во бело“ – 11. по ред Бела ноќ во Битола, вечер забава со ди-џеј Моралес (фотогалерија)
- Нова 4. по ред летна “Ретро журка Орфеј“ во “Расчекор“ (фото)
- Во среда, со смеа, за среќа, со Блаже Докуле