Дворот на црквата “Св. Богородица“ во Битола добива нов лик, а во тек се градежните работи околу уредувањето. По поставувањето на нова канализациона мрежа моментно се работи на уредување на дворот, кој се поплочува со гранитни плочки.
Исто така се уредува и влезот од јужната страна кој е проширува и ќе биде поплочен и влезот.
Верниците кои ќе бидат во црквата за неколку дена кога е патронот Св. Богородица ќе имаат прилика да го видат новиот лик на дворот.
Претходно се уреди и внатрешноста на црквата каде и таму е поставен нов гранитен под.