Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: интернет зависност кај деца и тинејџери – симптоми и одвикнување

Подготвил: Жанета Ристевска, психолог

Современите деца, тинејџери не знаат како изгледа свет без интернет и социјални мрежи, каде одговорите за се што ги интересира, се бараат таму. Покрај позитивните страни и неограничените можности што ги нуди интернетот – безброј информации, лесно воспоставување контакти… тие информации што се добиваат од виртуелниот свет, можат сериозно да го одвлечат вниманието од книгите, учењето и случувањата, дружењата, активностите во социјалниот живот…

Многу е тешко генерацијата кои се родени и растат опкружени со компјутери, таблети, мобилна технологија да им се ограничи времето да поминуваат на интернет.

Но, сиот тој соживот може да има и своја неуролошко – физиолошка цена. Меѓу други проблеми за кои ќе стане збор во текстот тука се: пореметување на вниманието, лош сон, главоболки, неправилно држење на телото, болки во грбот, проблем со вид, слух…

Ако поминатото време на интернет е од 4-6 часа и повеќе веќе можеме да зборуваме дека постојат опасности да премина во интернет зависност. Интернет звисност е современа болест и облик на зависност која се манифестира како состојба кога Интернетот станува доминантна животна активност и ја изолира единката од другите активности и има негативни последици за поединецот. Кога зборувасме за интернет зависност зборуваме за зависност од видео игри, фејсбук… во последно време е се позастапена и возрасната граница е се помала односно се јавува на помала возраст.

Симптоми на интернет зависност и проблеми кои се јавуваат во врска со неа се во однос на возраста

Кај многу мала возраст 2,3 години
-проблеми со спиење
-проблеми со развој на говор
-подоцна прозборуваат
-најчесто како доминантен јазик му станува англискиот јазик.

Кај деца поголеми од 5 години и училишна возраст најчести симптоми се:

-детето активно поминува 4-6 часа на Интернет.
-одбива да учествува во социјални интеракции и активности и сака што повеќе време да поминува на Интернет.
-детето е опседнато со содржини на Интернет и возбудено ги прераскажува.
-кога следува забрана или му се ограничи времето за користење на компјутер доаѓа до изливи на бес, анксиозност и фрустрација.
-повторно се користи компјутерот без оглед на забраната.
-послаб училишен успех или намален заради занемарување на училишните активности.
-пореметувања на сон, најчесто несоница.
-проблеми со вид, слух
-губење на тежина, избегнување на оброк заради упорно седење на компјутер, за да не се пропушти случување на социјални мрежи.
-лоша хигиена
-проблеми со концентрација и помнење.

Што можеме да направиме?

-пред се бидете добар пример на своето дете. Кога ќе дојдете дома до работа не користете компјутер или телефон
-наместо телевизор вклучете радио
-наместо гледање филмови по дома, одете на кино или театар.
-слободно време користете го заедно со семејството
-вклучете го детето во секојдневни активности во зависност од возраста напр: поставување на маса, спростирање на алишта, бришење на прашина
-детето само нека си ја средува собата
-играјте социјални игри
-заедно читајте енциклопедија и барајте податоци
-Доколку во текот на денот постои потреба за користење на Интернет содржини правете го тоа заедно.

Со правилна употреба и контрола ќе го заштитиме детето од зависност на Интернет.

Со користење на Интернет се добиваат голоем број на информации и содржини но на кој начин ќе го користи детето и колку време во текот на денот ќе поминува on line зависи многу од родителите.
Заради тоа
-охрабрувајте ги децата на други интереси и социјални активности
-наведете го детето да се одвои од компјутерот со други активности:
-запишете го на некој спорт
-одете во кино, театар или концерт
-пронајдете нешто што ќе му го о9двлече вниманието на подолгт временски период.
-ограничете кога и каде може детето да го користи Интернетот
-од голема важност е и родителите да сер придржуваат до се ова

Исто така користете апликации кои го ограничуваат детето при употреба на мобилен телефон.

Важно!

-Разговарајте со детето за проблемите и побарајте помош ако мислите дека сте направиле се што е во ваша моќ.
-Обидете се со награда и казна за секое некористење или непридржување на времето определен за користење на компјутернека следи адекватна казна. Но, никогаш немојте нагло да му го скратите или исклучите компјутерот. Само скратувајте го времето кое ќе се поминува на компјутер постепено.
Одвикнувањето на овој вид зависност се третира на таков начин.

Како се лечи интернет зависност

-кај поблаг облик се препорачува умереност и контрола од возрасни
-кај посериозен проблем треба да се побара стручна помош.