Press "Enter" to skip to content

По 13. пат фестивал “АКТО“ на тема “Општество во изградба“ со пет програми на неколку локации

По 13. пат во Битола од 23 до 25 август ќе се одржи “АКТО“, Фестивалот за современи уметности по тринаесетти пат ќе се одржи на тема “Општество во изградба“, а ќе има 5 програми: уметничка програма, музика, агора, АКТО за заедницата и АКТО-воз. Локациите на одржување ќе бидат на познатите места каде и до сега се одржувал фестивалот, а музичката програма ќе се одржи на платото кај Офицерскиот ден.

Фестивалот “АКТО“ ќе започне во четврток на 23 август пред Офицерскиот дом, со “Соларна кујна“ на Никола Узуновски и „Растечки споменик“ на Катерина Поповиќ, претходно ќе има затворрена работилница.

Во петок на 24 август ќе има Отворена работилница “За сите во нашата заедница, од 1 до 101“ на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ – Македонија, во соработка со АКТО
-Совети за здрави читачки навики
-Играме, учиме и се забавуваме
-Драмарама
-Артивизам
-Танцуваме заедно
-Јога за смеење
-Ајде малку да спортуваме!

Во сабота на платото кај Офицерски дом од 19 часот ќе започне “АКТО ЗЕМЈОТРЕС“, Showcase, а ќе настапат: “Fosfen“ Битола, “Sweet Rapscallions“ – Битола, “PMG Kolektiv“ – Скопје, “Новиот Почеток“ – Скопје, “Sethstat“ – Скопје и
“Ki“ – Куманово.

Ова и други информации беа денес сооопштени на прес-конференција која се одржа во паркот кај Офицерскиот дом.

АКТО-агората, како еден најголем јавен собир, ќе ги отвори прашањата токму за контекстот, односно во каков контекст (треба) се создава културата, а АКТО-возот, како една континуирана практика на фестивалот, ќе се обиде да создаде проток на луѓе и размена на идеи.

-Промената на општествено-политичката констелација во земјава отвори серија прашања, недоумици и фрустрации во сите сфери на јавниот живот. Слабите стратегии на разединетите институции, може повторно да ги заглават потентните нови форми на вонинституционално дејствување, кои можат да бидат инспирација за многумина. Културата и уметноста, изманипулирани и разулавени, се соочуваат со основните прашања, дали ќе дозволиме тие да бидат алатка на лични интереси, национал-клиентелизам и/или либерални стратегии или одлучно ќе овозможиме да свртат друг правец во градење стабилна и силна социокултурна и уметничка сцена“, велат кураторите на фестивалот Ивана Васева и Филип Јовановски.

Куратори на музичката програма се Виолета Качакова и Мирко Попов, а на програмата АКТО-агора покрај Васева и Јовановски и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Фестивалот е во организација на Факултетот за работи што не се учат, а со поддршка на платформата “Мрдни со прст“.

Во продолжение комплетната програма на годинашниот “АКТО“ фестивал.

More from КултураMore posts in Култура »