Авангардната екипа на “Hybrid Minds Crew“ денес го започна цртањето на големиот авангарден мурал на здрадата од конплексот “Мавровка“ кој се наоѓа кај поранешна Шехерезада, а поради големината на муралот и висината на која се работи уметниците користат специјални дигалки.
Муралот ќе се изработи во наредните неколку денови и ќе го разубави овај простор кој до сега беше користен за пишување на графити од разни групи и поединци.
Кога авангардниот стил ќе се надополни со градската архитектура, се добива комбинација на современото и традиционалното. Следуваат убавите бои на црната подлога. На темното, може да му се даде живот. Така, младите уметници ќе дадат нови бои, шареноликост и живост на ѕидот кај поранешна Шехерезада. И ѕидовите може да бидат поубави во урбана Битола.

Се црта авангарден мурал на зградата кај Шехерезада (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
- Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
- Деновиве пред 10 години: “Златната камера 300“ за животно дело во 2013 за Хосе Луис Алкаине (фото)