Во водите на Олимпискиот базен во Битола се одржа 22. пливачки митинг кој го организираа битолските пливачки клубови Југ и Олимпик, со поддршка на општина Битола.
За овој пливачки митинг, организаторот Михајло Трампевски, од пливачкиот клуб Југ, рече:
-Одлично организиран пливачки митинг на кој учествуваа екипи кои тренираат во летен период. Во водите на олимпискиот базен имавме 68 учесници од домашните клубови Југ и Олимпик, потоа Челични од Штип и Струга од Струга, а иако најавени не дојдоа пливачите од Прилеп. Задоволни сме од тоа кои времиња ги постигнаа нашите пливачи бидејќи, како реков овие се пливачи кои тренираат само во летниот период.
Пливачите се натпреваруваа во пет категории и тоа: 2003, 2004/2005, 2006/2007, 2008/2009 и 2010 и помлади, во машка и женска категорија.
Инаку, овој пливачки митинг уште го нарекуваат и неофицијално “Б“ првенство за клубови кои тренираат во летен период, вели организаторот кој не ја пропушти приликата да и спомене и ЈП “Комуналец“, “Стрежево“ и “Ѕиу“ за поддршката за одржување на митингот.

Се одржа 22. пливачки митинг на Олимпискиот базен за млади категории (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Пливачите на Олимпик од Битола учествуваа намеѓународниот пливачки митинг “Орион Куп мини“ во СкопјеПливачите на Олимпик од Битола учествуваа намеѓународниот пливачки митинг “Орион Куп мини“ во Скопје
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Тимот на X-fit Bitola од Битола прв во екипна конкуренција на мешан штафетен маратон “WizzAir-Скопје“