Press "Enter" to skip to content

Промоција на “една поинаква слика за нашинците во Албанија“ од Мери Стојанова (фото)

Во матичната куќа на авторот, д-р Мери Сројанова, Завод и Музеј, беше промовирана монографијата “Етнографија и антропологија на Македонците “Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“, или со други зборови како беше кажано на промоцијата, една поинаква слика за нашинците во Албанија.

Оваа прва книга на Стојанова е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на традиционалната култура на Македонците – нашинци, во пределите Мала Преспа и Голо Брдо.

Промотори на книгата беа проф. д-р Љупчо Ристевски од Институтот за етнологија и антропологија и проф. д-р Мирјана Мирчевска.

-Ова дело и овие сознанија може да дадат една поинаква слика и перцепција за Македонците генерално и за останатите луѓе кога станува збор за македонското малцинство или за нашинците во пределот Мала Преспа и Голо Брдо каде се зачувани етнографските карактеристики. Македонски јазин е зачуван во изворна форма, непроменета со генерации и она што децата како сопствен идентитет, јазичен, го носат за самите себе е што се запознаваат со албанскиот јазик кога ќе почнат на училиште, во рамките на семејството зборуваат на чисто изворен македонски јазик, рече Стојанова на промоцијата.

Книгата е во издание на Сојузот на борци од Битола и издавачката куќа “Аз-буки“ од Скопје. Промоцијата беше дел од “Бит Фест“.

More from КултураMore posts in Култура »