Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Обиколницата затворена заради реконструкција, градежните машини се таму, коловозот испишан

Обиколницата над Битола, која е дел патот А3 Битола – Ресен, поточно од кружниот јазол кај село Крклино до бензинска пумпа “Лукоил“ кај Билбил Камен е затворен во двата правци, поради реконстукција на коловозот.

“Bitolanews“ денес ја помима целата обиколница и таму веќе се донесени градежните машини со кои треба да се работи на реконструкцијата на коловозот, а коловозот од кај “Лук Оил“ е испишан со бројки, а лица кои ги затекнавме таму ни рекоа дека тие се ознаки каде и колку треба да се вади стариот асфалт.

За жал и покрај поставените знаци при нашиот престој забележавме десетина возила како сообраќаат по патот.

Инаку, кај големиот мост кај ромската населба, на патот немаше многу ѓубре, но затоа има голема депонија пред тунелот кога се оди кон “Лук оил“, а на патот под црквата “Св. Архангел“ забележавме и пцовисан крупен добиток и се шири голема реа, но затоа во друга прилика.

More from ВестиMore posts in Вести »