Press "Enter" to skip to content

На годинашниот “Бит Фест“ 65 настани од сите културни области

Годинешното издание на “Бит фест“ понуди 65 настани од сите културни области, концерти, театарски претстави, перформанси, ликовни работилници, уметнички изложби, музички рецитали, промоции на книги, детски фестивали итн.

Како дел од овој културен колаж на Битола, кој траеше од 21 јуни, па се до 25 август, општината даде поддршка и за неколку значајни фестивали и настапи на поединци и групи, кои привлекоа посебно внимание кај публиката.

За издвојување е настапот на групата “С.А.Р.С.“ како дел од младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“, „Широк сокак во бело“, Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“, Шекспир фестивалот, концертот на Исмаил Лумановски и групата „Њујорк џипси ол старс“, Интернационалнот детски фестивал „Тра-ла-ла“, Фестивалот на староградска музика, Фестивалот на детски театар „Битолино“, концертот на Камерниот оркестар на Битола, манифестацијата „Незаборав“ и други.

Како новитет во рамките на годинешниот Бит фест беше културната соработката со амбасадите на неколку земји, преку кои на фестивалот учествуваа уметници од нивните држави. Како плод на оваа соработка, настапија групи, оркестри и поединци од Русија, Австрија, Израел, Франција и Унгарија.

Сите одржани настани во состав на Бит фест оваа година ги исполнија очекувањата на публиката, која во голем број присуствуваше на секој од нив поединечно, што го оправда концептот на квалитативното подобрување на програмата, со помал број содржини и со издржан квалитет.

More from ВестиMore posts in Вести »