Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: интернет зависност кај тинејџери, видови и заштита (2)

Тинејџерите и адолесцентите имаат голем потенцијал и понатаму да развиваат Интернет зависност заради лесен пристап до Интернет и социјални мрежи. Исто така постојат и некои фактори кои можат да го зголемат ризикот а тоа се:

-некои интерактивни игри кои се т.н бескрајни или нема начин да завршат, обично се со преминуваље на многу нивоа.(Warcraft…)
– некои личности кои имаат проблеми во однесувањеto, тоа се т.н. ризични групи повлечени во себе, склони кон депресивност и симптомите како да се ублажуваат со користење на компјутер, телефон, Тоа се објаснува со лачењето на ендорфин кај тинејџерите при играње на некои игри, или други контакти. Тоа е слична состојба како кај зависниците од дрога и задоволство кое се јавува кога е приклучен на компјутер „on line“ (кога се користи компјутер-Интернет). Заради тоа и поимот на Интернет зависност или Internet addiction кој се појавув а уште во 1996 год. И се однесува на зависност спрема возраст и спрема видот на зависност која може да биде :
– Зависност од играње на игри на компјутер ( 10 часа и повеќе)
– Зависност од сурфање на интернет (фејсбук, твитер)
– Зависност од воспоставување на пријателски и емотивни врски на социјални мрежи
– Зависност од коцкање на нет
– зависност од компјутери
Зависноста од воспоставување на пријателски и емотивни врски најчесто доведува до –
Виртуелен социјален живот

Понекогаш тинејџерите можат да го заменет правиот, реален општествен живот со виртуелен свет на контакти на компјутер.

Во комунакацијата во реалниот свет некои тинејџери се чувствуваат несигурно, осамено, се повлекуваат во себе и тешко воспоставуваат контакти во реалниот свет заради срам, несигурност, страв од одбивање … Заради тоа најчесто личностите од т.н.„ ризични групи“ се изолираат и воспоставуваат виртуелни контакти на Интернет и на социјални мрежи.

Цел процес доведува до се подлабока изолација така што може да доведе до зависност и фокусирање на on line контакти, запоставување на реални контакти во секојдневниот, социјалниот живот.

Симптоми кои сигнализираат дека станува збор за зависносст покрај горенаведените е и фактот кога се искличи компјутерот тогаш се јавуваат исти симптоми на зависност кога зависникот нема дрога тука се:
Нервоза, напнатост, апстиненетна криза и огромна желба за поврзување на Интернет.

Заради сето ова се поставува прашањето кога започнува интернет зависност?

Сите ние (родители) најчесто сме огледало на нашите деца и тие во најголем број случаи не имитираат, значи она што го гледаат и модел на однесување во своето опкружување. Често така и започнува, им даваме пристап на современа технологиија на децата уште од најмала возраст (денес таа возрасна граница е на се помала возраст 2,3 години). Имено кога сакаме да ги направиме домашните обврски(мајките), додека сме во кафуле, ресторан или едноставно се одмараме…

Се смета дека оние деца кои од многу мала возраст имаат пристап до Интернет содржини доаѓа до проблеми во:
Психосоцијалниот

Социо-емоционалното функционирање

Здравствени проблеми (на мала возрсаст- проблеми со говор, со спиење, внимание, eye to eye contact). Уводот во зависноста и подлабока проблематика која со годините особено во периодот на пубертет и кај тинејџерите станува се поизразена.

Кога кај децата може да развие некој облик на зависност и кога? Се поставуваме ова прашање како дошло до тоа на самиот почеток?

Може да се донесе заклучок дека ние како возрсни личности т.е. родителите се најзначајниот фактор во настанувањето и развивањето на на овој облик на зависност, кој доведува до низа проблоеми:

Кај тинејџерите:
-Неправилно држење на телото, болки во грб, глава
-Оштетувања на вид, слух
-Повлекување во себе
-Агресивни реакции, бес, ако се исклучат компјутерот или интернет содржините
-Лоше исхрана и хигиена

Освен овие тегоби и тешкотии се јавуваат и други проблеми.

Со тоа што на Интернет и социјални мрежи се оставаат лични податоци, децата и најчесто тинејџерита можат да станат жртви на:
-сајбер насилство кој е голем и актуелен проблем на социјални мрежи и кој во понатамошни написи посебно ќе биде разгледан)
-врсничко насилство (кога насилство се префрла од реалниот свет на Интернет, со размена на груби, навредливи, зборови, вулгарности и закани.
-жртви на криминални групи- секти, хакери, педофили и жртви на трговија со луѓе.

Многу е тешко да се каже во кој правец ќе се развива технологијата и таа потполно ќе не обземе. Родителите се свесни дека мораат да им го ограничат времето поминато на Интернет, но и сами се збунети од напливот на технологијата. Тоа е една голема цивилизациска промена. Најважно од се е правилно користење на Интернетот со контрола и едукација како од страна на родителите така и во училиштата од страна на стручни служби- психолози, педагози и наставници, професори низ воспитно- образовниот процес и тоа од најмала возраст.