Press "Enter" to skip to content

Во рудникот “Суводол“ во РЕК “Битола“ одбележан Денот на рударите (фотогалерија)

На платото пред управната зграда на рудникот “Суводол“ во РЕК “Битола“ во присуство на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев и генералниот директор на АД “ЕЛЕМ“, Драган Миновски беше одбележан Денот на рударите.

Домаќини на гостите им беа генералниот директор на Подружницата РЕК “Битола“, Васко Ковачевски и директорот на рудникот “Суводол“, Душан Вукадиновиќ.На присутните во име на Владата на РМ им се обрати потпретседателот  Кочо Анѓушев кој рече честитајќи им го Денот на рударите рече дека тој нема да зборува за тоа колку тони откривка и јаглен е ископано од страна на рударите туку ќе се задржи на тоа што го очекува Комбинатот кој е важен сегмент за стабилност на електроенергетскиот ситем во Република Македонија.–Мора да ја подобриме состојбата. Тоа подразбира имање план, а кога во енергетиката се зборува за план тоа значи да се има план за наредните 10 години и прецизен план со месечни динамики за пет години. Мора да се подобри состојбата во ископот Брод-Гнеотино за да се добијат предвидените ископи на јаглен, и без алтернатива мора да се мисли на отворањето на ископот Живојно. Само на тој начин ќе се обезбеди континуирана работа на РЕК “Битола“ која е неопходна за работењето на електроенергетскиот систем во Република Македонија. Со законот, предвидено е АД “ЕЛЕМ“ да биде главен производител на електрична енергија за универзалниот снабдувач и ќе ја заштити цената на електричната енергија за граѓаните, тоа пак од друга страна значи домаќинско работење. Не смеат да продолжат тенденциите што ги гледавме години наназад, во РЕК Битола и во рудниците мора да има домаќинско работење. Тоа е императив без алтернатива и само така може да се задржи стабилноста на системот, истакна Анѓушев, кој нагласи:-По расчистувањето со наследените проблеми околу договорот за реконструкција на котлите, веднаш ќе се премине кон десулфуризација и поеколошко производство на електрична енергија од РЕК “Битола“. Нема алтернатива здравјето на граѓаните на Битола и пелагонискиот регион.

Според генералениот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, компанијата води подеднаква грижа како за работата и плановите на РЕК “Битола“, така и за РЕК “Осломеј“ во Кичево.– Работиме да обезбедиме услови за современо, безбедно и ефективно ископување на јаглен во рудниците. Во процес е набавка на заштитна опрема за сите вработени. Со нови предизвици се соочуваме и во РЕК “Осломеј“ за да се консолидира неговата работа, да се обезбеди руда и како овој капацитет во иднина што повеќе да го вклучуваме во производството на електрична енергија. Ќе вложуваме и во обновливи извори на енергија. Нашата заложба е инвестициите што ги правиме и ќе ги правиме во комбинатите паралелно да се одвиваат со еколошките сегменти и затоа вложуваме во редовно отпепелување според сите протоколи, поставување на нови електростатски филтри, пошумување и други мерки со кои ќе потврдиме дека сме одговорни кон потребите на граѓаните, за навремено обезбедување со електрична енергија но и за чиста и здрава животна средина, посочи Миновски.

Генералниот директор на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски  рече:-Поминавме лоша зима во која сите вработени во рудникот дадоа максимален учинок ја завршивме грајната сезона успешно, пред стартот на оваа сезона на “депонија“ имаме доволно јаглен за успешен старт. Исто така, за нешто повеќе од шест месеци од доаѓањето на новиот менаџерски тим во РЕК “Битола“, повторно се ставени во функција или санирани дефектите на шест багери кои се исклучително важни при ископот на јаглен и јаловина во рудниците Подинска јагленова серија – Суводол и Брод – Гнеотино. Вкупното производство на јаглен за првите шест месеци е натфрлено и покрај големиот број предизвици со кои се соочивме. Сето ова значи дека во целост е сменет начинот на производство во РЕК “Битола“.

Ковачевски се задржа и на најгорливото прашање за битолчани, загадувањето.-Ние сакаме да го тргнема епитетот од РЕК “Битола“ дека е најголем загадувач и особено внимание посветуваме на  заштитата на животната средина. Започнати се редица проекти од кои дел веднаш се очигледни. Непокриените површини на одлагалиштето за пепел се намалени од 30.000 м2 на помалку од 5.000 метри2, односно за 6 пати, започната е постапката за ревитализација на електростатските филтри, првпат по 1996 година и ќе се прават постројки за десулфуризација, пошумување, редовни ремонти на блоковите, како и редица други проекти, се со цел да се добие “А” интегрирана еколошка дозвола.Директорот на рудникот “Суводол“, Душко Вукадиновиќ, во своето обраќање се осврна на количините кои ги имаат ископано рударите, а нивната работа ја оцени како незаменлива во целокупниот процес на производство на електрична енергија на електро енергетскиот систем на Македонија.На крајот на прославата на 57 вработени во РЕК “Битола“ им беа доделени пригодни награди и признанија .

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *